Често поставувани прашања

Во продолжение се дадени неколку информации поврзани со добивањето на сертификатите, како и со прегледот на резултатите и постигнувањата на учениците. Ве молиме, доколку имате одредено прашање, прочитајте ги информациите дадени подолу пред да контактирате со вашиот наставник или со организаторите на натпреварот.

Како да го добијам мојот сертификат?

Без разлика дали сте наставник или ученик, добивањето на вашиот сертификат е исклучително едноставно. Отворете ја почетната страница на натпреварот (http://talent.mk/), кликнете на копчето "Сакам сертификат", и внесете ја вашата е-маил адреса (онаа која што сте ја внесле за време на натпреварот).

Веднаш потоа, вашиот сертификат (и, доколку сте ученик, вашиот резултат на натпреварот) ќе стигне на е-маил адресата која ја имате внесено. Целиот процес е автоматизиран и трае само неколку минути.

Што доколку го имам погрешено името за време на натпреварот?

Не се грижете. Знаеме дека неколку наставници и ученици (најверојатно поради брзање) имаат направено грешка при внесувањето на нивното име и презиме (иако, постоеше двојна проверка, и системот бараше да се потврди точноста на информациите пред да се почне со решавање). Системот дозволува да направите ситна промена во вашето име без да барате помош од нас или вашиот наставник.

Само побарајте го вашиот сертификат користејќи ја постапката опишана погоре (како одговор на првото прашање), и следете го упатството кое ќе го добиете по е-маил.

Што доколку имам внесено погрешна е-маил адреса?

Како организатори, свесни сме и дека неколку ученици и наставници имаат внесено погрешна е-маил адреса. За да го надминеме овој проблем, дозволивме било кој наставник да може да ги промени внесените е-маил адреси од неговите/нејзините ученици, како и да создаде сертификат за останатите наставници во училиштето.

Со други зборови, доколку сте ученик и имате внесено погрешна е-маил адреса, побарајте помош од вашиот наставник, и замолете го истиот да ја внесе точната е-маил адреса. Потоа, можете да ја искористите стандардната постапка (опишана како одговор во првото прашање), за да го добиете вашиот сертификат.

Ја внесов адресата, но не добивам повратен одговор?

Доколку сте си го побарале сертификатот преку нашиот сајт, сте ја внесле вашата е-маил адреса и системот ве известил дека "Сертификатите се пратени", тоа значи дека системот пронашол учесник со таков е-маил и ги испратил сертификатите на соодветната е-маил адреса.

За испраќање на пораките, ние ги користиме услугите на еден од најдобрите апликации за е-мејл пораки (Mailgun), и истата ја користат многу светски познати компании. Иако најчесто (во огромен процент) мејловите стигнуваат за само неколку минути, понекогаш вашиот провајдер (yahoo, gmail, итн) може да не извести дека сандачето е привремено недостапно, и дека треба системот да се обиде да ја испрати пораката по неколку часови. Во тој случај, нашиот систем ќе ја испрати пораката подоцна, и вие истата ќе ја добиете со задоцнување.

Дополнително, важно е да ве известиме дека забележавме мал процент (околу 3%) случаи каде корисникот внесол погрешна е-маил адреса и за време на натпреварот, и кога го побарал сертификатот. Во тој случај, провајдерот (yahoo, gmail, итн) не известува дека таква е-маил адреса не постои, и системот тогаш престанува да се обидува да ја испрати пораката. Доколку сте вие еден од овие корисници, не очајувајте, и имајте во предвид дека вашиот наставник може да го направи сертификатот наместо вас или да внесе друга е-маил адреса. Целта на организаторите е сите учесници да добијат сертификати, па затоа овозможивме и ваква функционалност на системот.

Како да ги отпечатам сертификатите на сите ученици?

Доколку сте наставник, и сакате да ги отпечатите сите сертификати (за учениците, или наставниците), најавете се како наставник (следете го делот "Наставници", во горниот десен агол од екранот), и кликнете на копчето "Резултати и сертификати".

Таму, можете да ги видите резултатите на сите ваши ученици, како и (со еден клик) да создадете .pdf со сите сертификати. Во тој дел, можете и да направите промена на е-маил адресата на одреден ученик (доколку истиот ја погрешил за време на натпреварот), како и, евентуално, (самите) да му го направите сертификатот.

Како да ги видам резултатите на моите ученици?

Ве молиме, прочитајте го одговорот на претходното прашање "Како да ги отпечатам сертификатите на сите ученици?".